САД со нови санкции поради поддршка на иранските воени програми


САД денеска објавија нов пакет санкции насочени кон 11 поединци и правни лица поради поддршка на иранските воени програми.

Санкционираните помагале во набавка на оружје за Иранската револуционерна гарда и за иранската армија, а нивните седишта се во Кина, Хонг Конг, Иран и во Белорусија.

На списокот има девет поединци и компании со седиште во Кина и во Хонг Конг, кои и помагале на иранската армија да набави оружје.

Санкционирана е и една компанија од Хонг Конг која дејствувала во тајна иранска банкарска мрежа.

Исто така санкции се воведени за две фирми и повеќе поединци од Иран и од Белорусија.

Back to top button
Close