САД собираат информации за данските бази, аларм во Копенхаген

Соединетите Американски Држави тајно собираат „чувствителни информации за воени инсталации, пристаништа и воздухопловни бази во Гренланд без да го информираат Копенхаген“, според протечените документи на данското Министерство за одбрана.

Како што објави порталот Берлингске, данските власти „го сметаат овој потег за алармантен“, плашејќи се дека може да се однесува на американски планови за непредвидени ситуации поврзани со притисок – или дури и воена акција врз Гренланд.

Данската влада и военото раководство беа веднаш предупредени, пишува данскиот портал.

Германците го напуштија Гренланд по 48 часа

Извиднички тим на германските вооружени сили „тивко и тајно“ го напушта Гренланд, објави денеска Билд, чиј репортер сними „15 војници, предводени од контраадмиралот Стефан Паули (61), на аеродромот Нуук“ како одеднаш го напуштаат овој дански остров.

Вчера беше објавено дека војниците ќе останат подолго од планираното, а веќе денес германските вооружени сили заминаа тајно – без никаква најава, известување или друго објаснување. Портпаролот на мисијата на местото на настанот првично не одговори на прашањата или повиците на Билд. Немаше објаснување ниту од Берлин.

Извор: racin.mk

Back to top button
Close