САД веќе ѝ испорачале на Украина ракети со долг дострел

Ракетите со долг дострел „Atacms“, способни да погодат цели оддалечени 300 километри, веќе пристигнале во Украина по налог на претседателот, пред американскиот безбедносен пакет да биде усвоен од Конгресот, соопшти портпаролот на Стејт департментот, Ведант Пател.

Пател вели дека оружјето е дел од мартовскиот пакет помош за Украина – а не оној штотуку одобрен од Конгресот и потпишан од претседателот Џо Бајден.

„Ние не го објавивме ова на почетокот за да ја одржиме оперативната безбедност на Украина на нивно барање“,вели тој.

САД ќе испратат нов пакет оружје за Украина во вредност од 300 милиони долари

Белата куќа претходно потврди дека САД испратиле варијанта на „Atacms“ со помал дострел во Украина, што може да помине 165 километри, но типот со најголем дострел може да погоди цели до 300 километри

Back to top button
Close