САД: Влошување во 36 држави, Флорида можно ново жариште на Ковид-19

Намалување на бројот на инфицирани е забележано само во две сојузни држави – Конектикат и Роуд Ајленд, а пораст има во 36, при што ситуацијата е посебно загрижувачка на Флорида, за која експертите тврдат дека би можела да стане ново жариште на зараза. Властите на Флорида и на другите американски држави предупредуваат на зголемениот број заболени меѓу младата популација.

На Флорида вчера се потврдени 9.585 нови случаи на зараза со Ковид-19, што е најголем дневен пораст во оваа држава од почетокот на пандемијата.

Back to top button
Close