САД воведоа нов пакет санкции за Северна Кореја

На веб-страницата на Министерството за финансии на САД денеска е објавено дека САД вовеле нов пакет санкции за Северна Кореја.

– Соединетите Американски Држави во средата воведоа нови санкции поврзани со Северна Кореја, се наведува во објавата на страницата на американското Министерство за финансии.

Се додава дека две лица и два субјекта се додадени на списокот за санкции на американската Канцеларија за контрола на странски средства.

– Оваа акција е дел од целокупните напори на Владата на Соединетите Држави да се спротивстави на широките шеми за генерирање приходи на ДНРК (Демократска Народна Република Кореја), во тесна координација со нашите сојузници и партнери. Како дел од таа соработка, Стејт департментот и министерствата за надворешни работи на Јапонија и Република Кореја денеска издадоа заедничка изјава за заканите што ги претставуваат ИТ работниците на ДНРК, се вели во соопштението

Back to top button
Close