САД воведоа санкции против 10 лица и фирми од Иран и Венецуела

САД воведоа санкции против 10 лица и фирми од Иран и Венецуела поради наводниот придонес во иранската програма за трговија со дронови и балистички технологии, за која администрацијата на Трамп вели дека ги загрозува САД и нивните сојузници на Блискиот Исток.

Министерството за финансии на САД соопшти дека овие мерки се насочени кон поддршка на повторно воведените санкции на Обединетите нации кон Иран поради неговата нуклеарна програма, со што дополнително се врши притисок врз Техеран.

Иран долго инсистира на тоа дека нуклеарната програма што ја развива е за мирољубиви цели.

Овие санкции опфаќаат една венецуелска фирма и нејзиниот претседател кои се обвинети за купување ирански дронови, тројца Иранци поврзани со набавка на хемикалии кои се користат за производство на балистички ракети и група луѓе и фирми поврзани со фирмата Рајан Фан, која уште од претходно е под санкции на САД.

Во февруари, претседателот на САД, Доналд Трамп, ја обнови кампањата на „максимален притисок“ врз Иран со цел да му оневозможи на Техеран да развива нуклеарно оружје.

Трамп порано оваа недела изјави дека постои можност САД да ги гаѓаат иранските постројки доколку Иран продолжи со нуклеарната програма

Back to top button
Close