САД воведоа санкции против 11 кинески компании

 Белата куќа воведе санкции против 11 кинески компании, кои се обвинети за кршење на човековите права врз муслиманите во провинцијата Синкјанг, во северозападниот дел на Кина.

Со таа одлука САД врши дополнителен притисок врз Пекинг и владејачката Комунистичка партија поради наводното масовно затворање, принудна работа и други кршења на човековите права врз Ујгурите, припадници на муслиманско малцинство во провинцијата Синкјанг, доведувајќи ги односите меѓу двете земји на најниско ниво во последните децении.

Во рамки на обвиненијата за кршење на правата на муслиманите во Синкјанг, американската администрација санкционира и четворица високи кинески претставници, а Пекинг најави соодветен одговор, без точно да презицира какви чекори планира да преземе.

– Со оваа одлука Кина нема да може да ги користи нашите производи и технологија при нападите врз муслиманското малцинство, кое не е во состојба да се одбрани, изјави американскиот министер за трговија, Вилбур Рос.

Back to top button
Close