САД воведоа санкции за најблискиот соработник на унгарскиот премиер Виктор Орбан

Соединетите Американски Држави (САД) воведоа санкции за Антал Роган, висок функционер во унгарската влада на Виктор Орбан, поради вмешаност во корупција, соопшти американското Министерство за финансии.

 

epa05622018 Hungarian Minister of the Prime Minister’s Cabinet Office Antal Rogan presses a knob during the vote on the amendment of the Constitution during the plenary session of the parliament in Budapest, Hungary, 08 November 2016. 131 representatives voted YES and three voted NO, thus the two-third majority was not achieved in order to change the Constitution. The goal of the planned amendment was Hungary’s political objective to prevent the mandatory quotas, proposed by the European Commission to share the migrants among the EU countries, in other word to stop the settlement of foreign population. EPA/TAMAS KOVACS HUNGARY OUT

Антал Роган, висок функционер во владата на Виктор Орбан / Фото: EPA/TAMAS KOVACS HUNGARY OUT

Антал Роган е близок соработник на Орбан. Го води неговиот кабинет од 2015 година и има клучна улога во владата на унгарскиот премиер. Задолжен е за контрола на разузнавачките служби и медиумите. Со американските санкции е обвинет дека оркестрирал системи на корупција со цел да ги контролира секторите на унгарската економија и да ги пренасочи приходите во своја корист и во корист на лица од партијата на Орбан – Фидес.

„САД нема да се двоумат да побараат одговорност од поединци како Роган, кои ја користат моќта на својата функција за незаконски да се збогатат себеси и своите пријатели на сметка на својата земја и сограѓаните“,рече на прес-конференцијата в.д. потсекретарот за тероризам и финансиско разузнавање на Министерството за финансии, Бредли Т. Смит.

Во врска со потегот на САД се огласи унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, остро критикувајќи ја одлуката на Вашингтон. Рече дека тоа е чин на лична одмазда кон Роган Антал организирана од страна на американскиот амбасадор во Унгарија, Дејвид Пресман.

„Колку е добро што за неколку дена САД ќе бидат предводени од луѓе кои на нашата земја гледаат како на пријател, а не како непријател“,пишува Сијарто во објавата на Фејсбук.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан и неговата партија Фидес се меѓу најгласните поддржувачи на Трамп во Европа.

Во 2018 година Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, придружуван од потпретседателот Александар Николоски, оствари средба со Премиерот на Република Унгарија и лидер на владејачката партија ФИДЕЗ, Виктор Орбан, кој тогаш беше придружуван од министерот Антал Роган.

Според партиското соопштение, на средбата, досегашната соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ФИДЕЗ беше оценета како одлична и од двете страни се потенцираше дека истата треба да продолжи да се развива и во иднина. Премиерот Орбан изрази целосна поддршка за новото раководство на партијата.

Претседателот Мицкоски и Премиерот Орбан разговараа и за односите помеѓу Република Македонија и Република Унгарија, при што јасно беше изразена недвосмислена поддршката од г-дин Виктор Орбан за Република Македонија на својот пат кон евро-атланските интеграции.

 

Back to top button
Close