Сафет Бишевац позитивен на корона вирус

Сафет Бишевац, кандидат за пратеник од листата на опозициската партија ВМРО ДПМНЕ, на Фејсбук објави дека е позитивен на корона вирусот.

Во објавата тој вели дека и покрај максималното почитување на мерките, е позитивен на Ковид-19 и дека заедно со семејството ќе биде во изолација.

„За жал, нештата понекогаш се случуваат и покрај максимално можно почитување на препораките за заштита. Се чувствувам одлично, засега немам никаков проблем. Заедно со семејството во наредниот период ќе бидеме во изолација, под надзор на матичниот лекар“, напиша тој на социјалните мрежи.

Бишевац на престојните избори е кандидат за пратеник на листата на ВМРО ДПМНЕ во изборната единица 1 . Бесе пратеник од редовите на СДСМ кога лидер на партијата беше Бранко Црвенковски.

Back to top button
Close