Сагата со Санчо заврши

– Заврши сагата за иднината на Џејден Санчо. Тој ќе игра за Борусија (Дортмунд) следната сезона. Спортскиот директор на германскиот клуб, Мајкл Цорк откри дека англискиот талент потпишал нов договор до 2023 година.

– Ние планираме со Санчо. Тој ќе игра за нас следната сезона. Одлуката е конечна. Мислам дека тоа ви одговари на сите прашања, рече Цорк.

Санчо беше трансфер цел на Манчестер Јунајтед за ова лето. Сепак, двата клуба не се согласија за надоместокот за трансфер. Борусија сакаше 120 милиони евра за него, а „црвените ѓаволи“ не беа подготвени да дадат таква сума.

Дортмунд најави дека денес е последниот рок, до кој ќе преговараат. По неговото истекување, трансфер сагата заврши. Санчо со екипата замина во Швајцарија, каде екипата е на камп.

– Минатото лето, ја прилагодивме платата на Џејден за да одговара на неговите перформанси. Во овој контекст, тој го продолжи договорот до 2023 година, објасни Цорк.

Според англиските медиуми, новиот договор на Санчо е за 190.000 фунти неделно плус бонуси.

Back to top button
Close