Сахин: До септември во Турција ќе бидат испорачани 120 милиони дози од вакцината „Фајзер“/„БиоНТек“

– Основачот на германската фармацевтска компанија „БиоНТек“, Угур Сахин, изјави дека сака до крајот на јуни во Турција, земјата од која потекнува, да испрати 30 милиони од вакцината на „Фајзер“/„БиоНТек“ против коронавирусот.

Сахин, кој со „Фајзер“ ја разви вакцината против Ковид-19, преку видео конференција кажа дека во јули, август и септември ќе заврши испраќањето на сите 120 милиони дози вакцини против коронавирусот во Турција.

-Ќе работиме дење и ноќе за навреме да ги испратиме вакцините, додаде основачот на „БиоНТек“.

Тој посочи дека сакаат да произведуваат вакцини, но и да спроведат истражување и развој на вакцини во Турција, пренесе Анадолија.

Сахин истакна дека вакцината ја тестирале на повеќе од 30 варијанти на вирусот, и дека таа делува против мутациите.

Back to top button
Close