„Сакав да бидам вицкаст и да внесам доза на хумор во судницата, кажа Мицкоски по сведочењето за организацијата на 27 април

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа дека се обидел да биде вицкаст и да внесе доза на хумор на судењето за организацијата на нападот во Собранието на 27 април 2017, каде што тој денеска беше сведок предложен од обвинетите.

На судењето, Мицкоски одговори „ваљда не сум“ на прашање дали можеби е скаран со некој од обвинетите, но по излегување од судницата појасни дека само сакал да внесе малку ведрина на судењето, а е во пријателски односи со сите обвинети. „Се обидов да бидам вицкаст и да внесам една доза на хумор во судницата, бидејќи за првпат се појавувам во судница како сведок, а не сум бил во својство на обвинет. Чудна атмосфера, многу сериозна, па се обидов да внесам малку ведрина.

Инаку да, тоа се сè мои пријатели и не сум со никого замерен, ниту пак имало зошто да бидам“, изјави Мицкоски по судењето.

Целиот текст на СДК.мк

Back to top button
Close