Сакционирани 136 возачи во општина Илинден

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

-На територијата на Општина Илиден изречени се вкупно 136 мерки, од кои 27 за возење без возачка дозвола, 18 мерки за возење под дејство на алкохол, 15 за нерегистрирани возила, 5 санкции за користење на мобилен телефон. За неносење на  заштитна маска изречени се 5 санкции, информираат од МВР.

Засилените сообраќајни контроли ќе продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, нагласуваат од МВР.

Back to top button
Close