Сакеларопулу: Зборовите не се доволни за да ја изразат мојата жал за трагичната сообраќајна несреќа  

Зборовите не се доволни за да ја изразат мојата жал за трагичната и ужасна сообраќајна несреќа во Бугарија, напиша на „Твитер“ претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу и изрази сочувство за загинатите, јави дописничката на МИА од Атина.

-Зборовите не се доволни за да ја изразат мојата жал за трагичната и ужасна сообраќајна несреќа во Бугарија, која резултираше со загуба на многу животи, вклучително и детски. Нашите мисли се со семејствата кои ги загубија своите најблиски и со повредените на кои им посакувам брзо закрепнување, напиша Сакеларопулу на „Твитер“.

Сочувство за несреќата изразија и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, Министерството за надворешни работи на Грција и лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас.

Back to top button
Close