Салеп – топол напиток

Салепот е ароматичен и густ топол напиток кој особено се ужива во студените денови. Подготвен со млеко или вода, со мирис на цимет и нежна кремаста текстура, овој пијалак носи чувство на топлина.

Состојки:

500 мл бадемово или обично млеко

1 лажица салеп во прав

1–2 лажици шеќер или мед по вкус

1 мала лажичка мелен цимет

Забелешка: Салепот може да се подготви и со вода.

 

Подготовка:

Во мал сад ставете го ладното млеко, шеќерот и салепот во прав. Загревајте на средна температура со постојано мешање.

Кога ќе почне нежно да врие и 2–3 пати ќе зоврие, смесата ќе почне да се згуснува. Тргнете од оган и сипете го салепот во две шолји.

Одозгора посипете со мелен цимет по желба.

Послужете веднаш, додека е топол, и уживајте во овој ароматичен напиток

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close