Сали: Акушерките се важна алка во гинеколошкиот тим и поддршка на идните мајки

Министерот за здравство Беким Сали денеска ја посети Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје по повод Меѓународниот ден на акушерките – 5 Мај.
Како што соопшти Министерството за здравство, министерот Сали нагласи дека медицинските сестри-акушерки  се синоним за раѓање нов живот, важна алка во гинеколошкиот тим и значајна поддршка на идните мајки за олеснување на породувањето.
-Токму на нивниот ден, заедно со менаџментот на ГАК им се заблагодаривме за нивниот професионален ангажман и непрекинатата грижа за мајките и новороденчињата, рече министерот Сали.
Од оваа Клиника, како што се наведува, го означуваме почетокот на Недела на сестринството, што годинава се одбележува под мотото „Медицинските сестри – глас што води“.

Back to top button
Close