Сали Бериша: Консолидирањето на Охридскиот договор е заеднички интерес и на Албанците и на другите граѓани на С. Македонија

Поранешниот претседател и поранешен премиер на Албанија, воедно и лидер на Демократската партија, Сали Бериша, во ексклузивна изјава за PressOnline.al ја истакна важноста од целосната и консолидирана примена на Охридскиот договор, оценувајќи дека тоа е најдобриот интерес не само за Албанците, туку и за сите граѓани на Северна Македонија.

Бериша смета дека албанските политички сили во Северна Македонија треба да имаат единствен став, особено кога станува збор за суштински прашања што ги засегаат националните интереси. Според него, соработката меѓу албанските партии треба да се гради врз основа на нивните програми и политичка визија.

 

„Убеден сум дека спроведувањето и консолидирањето на Охридскиот договор е најдобриот интерес на Албанците, но и на другите граѓани на Северна Македонија. Во тој контекст, сметам дека албанските политички сили треба да имаат ист став. Би било од интерес по суштински прашања за интересите на Албанците, албанските политички партии во Северна Македонија да го обединат својот став, но едно обединување на политичките сили треба да се темели на нивните програми,“ изјави Бериша за PressOnline.al

 

Back to top button
Close