Сали: Министерството за здравство не е најодговорна институција за случајот со смртта на Благојче

Прашан дали чувствува одговорност за смртта на Благојче, министерот за здравство Беким Сали денеска изјави дека изразил сочувство до членовите на Асоцијација за цистична фиброза со кои е во постојана комуникација. Потенцираше дека Министерството за здравство не е најодговорна институција за тој случај, имајќи предвид дека навремено пријавиле и побарале поддршка од Владата и Министерството за финансии, а очекуваат и позитивен одговор од Фондот за здравствено осигурување на барањата за тие пациенти.


Имајќи предвид дека Министерството не ги купува лековите, туку го организира системот, ги овозможува сите движења, односно давања на ингеренции на установи со што можат да располагаат и како да се организираат. Министерството не би било најодговорната институција за тој случај, имајќи предвид дека ние навремено пријавивме и побаравме поддршка од Владата и Министерство за финансии, а секако ги вклучуваме и Фондот за здравствено осигурување да одговори позитивно на тоа барање за тие пациенти. Поради задолженијата што ги добивме на седница на Влада, се вршат измени на три Закони што ќе ни овозможат директно преговарање со производителот на лекот, изјави министерот.

Потенцираше дека цел тој процес одзема време, а за денеска е најавена седница на управниот одбор на која со реорганизација Фондот за здравство ќе додели дополнителен Буџет на Клиниката за педијатрија за да може да се обезбеди лекот „Трикафта“ за пациентите кои се во критична состојба.

Back to top button
Close