Сали на средба со Кос: Посветени сме кон членството во ЕУ и спроведувањето на реформите

Министерот за европски прашања и главен преговарач ја истакнал заложбата за продолжување на реформите, доследната имплементација на Планот за раст и Реформската агенда, како и за одржување на континуиран и конструктивен дијалог со Европската Унија

Првиот вицепремиер и министер за европски прашања денеска се сретнал со еврокомесарката за проширување Марта Кос во рамки на својата официјална посета на Брисел. На средбата со еврокомесарката, тој ја потврдил посветеноста на Владата кон членството на земјава во Европската Унија и спроведувањето на реформите.

„Овој позитивен моментум треба да се искористи преку интензивна и тесна соработка со европските институции, со цел остварување конкретен напредок во интеграцискиот процес“,порачал Сали на средбата со Кос.

Во оваа смисла, министерот за европски прашања и главен преговарач ја истакнал заложбата за продолжување на реформите, доследната имплементација на Планот за раст и Реформската агенда, како и за одржување на континуиран и конструктивен дијалог со Европската Унија.

Back to top button
Close