Сали: Со овој степен на пандемија, нема да се бараат сертификати

Предложените измени на Законот за заштита на населението се направени во врска со последната пандемија на КОВИД-19, во која сè уште се наоѓаме. Ова значи дека сите одлуки што се носеа од страна на Владата за изолација и одредување мерки сега ќе имаат и правна основа со закон. Со овој степен на пандемија, како што е во моментов нема да се бараат сертификати, бидејќи нема ризик кон општото здравје за граѓаните, изјави министерот за здравство Беким Сали и појасни дека доколку не се појави епидемија не се наметнува никакво ограничување.

 

Во одговор на новинарско прашање на денешната конференција на тема „Преку стратешко управување со погрешни информации и квалитетно медиумско известување, до поголема доверба во вакцините“, тој истакна дека измените не се насочени кон граѓаните кои не сакаат да се вакцинираат, но ги известуваат оти „невакцинирањето по автоматизам не е право за движење каде било и кога било“.

Сите ние сме дел од општество за кое сносиме одговорност, додаде министерот.

Back to top button
Close