Сaли упати апел до лабораториите да ги намалат цените за тестирање за ковид, државата нема да преземе мерки

Министерот за здравство кажа дека според податоците на дневна база, пандемијата кај нас дава знаци на стивнување, со секојдневно намалување на бројот на заразни и хоспитализирани и дека нема потреба од конкретни мерки кон лабораториите, па само упати апел до нив да преземат мерки и да ги намалат цените за тестирање

 

Министерот за здравство Беким Сали вели дека е инициран состанок со сите инстанци што влијаат на конечната цена на тестирањата за ковид и очекува позитивен одговор и разбирање и подготвеност овие цени да се намалат.

„Тука се повеќе чинители – увозници, веледрогерии, лаборатории и Фондот за здравство и сме во контакт со Фондот преку кој контактираме со увозниците и веледрогериите“,

рече Сали денеска одговарајќи на новинарски прашања, а тоа дали се презема нешто за да се намали овој товар врз граѓаните, имајќи предвид дека тестирањата за ковид во приватните лаборатории имаат високи цени.

За тоа дали е можно државата да го преземе менаџирањето на овие лаборатории како во некои земји, Сали кажа дека според податоците на дневна база пандемијата кај нас дава знаци на стивнување, со секојдневно намалување на бројот на заразни и хоспитализирани и дека нема потреба од конкретни мерки кон лабораториите. Тој само упати апел до нив да преземат мерки и да ги намалат цените за тестирање.

Back to top button
Close