Салвини: Аеродромот во Милано ќе го носи името на Берлускони

Вицепремиерот на Италија Матео Салвини изјави дека аеродромот Малпенса во Милано ќе го носи името на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони.

Салвини изјави дека Управниот одбор на италијанската Национална управа за цивилно воздухопловство ENAC вчера го одобрил барањето поднесено од регионот Ломбардија пред една година.

– Конечната одлука е на министерот за инфраструктура и сообраќај и јас сум подготвен да го ставам последниот потпис, со гордост и емоции, во спомен на мојот пријател Силвио, голем претприемач, голем Миланец и голем Италијанец, напиша Салвини на X.

Back to top button
Close