Самит на ЕУ: Мишел сака префрлање на 50 милијарди евра од грантови кон фондот за обнова
Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел излезе со нов компромис предлог на самитот на ЕУ – да се префрлат 50 милијарди евра од грантови на заеми од предложениот фонд за обнова на ЕУ, објави Политико.
Се очекува вкупниот износ на фондот да остане на 750 милијарди евра, но нивото на грантовите ќе се намали на 450 милијарди евра (од предложените 500 милијарди евра) – отстапка во согласност со барањата на т.н. „штедлива четворка“ – Австрија, Данска, Холандија и Шведска.
Мишел исто така понуди компромис за управувањето со фондот, обидувајќи се да ја убеди Холандија да го потпише договорот.
За да ги намали грантовите, Мишел предлага кратења на неколку буџетски програми, вклучително и Хоризонт Европа (намалување од 2 милијарди евра), здравствена програма (намалување од 2,7 милијарди евра) и финансирање на рурален развој – 5 милијарди евра. Покрај тоа, планираното финансирање од 26 милијарди евра за поддршка на солвентноста на компаниите ќе биде укинато.
Лидерите на ЕУ денеска повторно се на состанок во Брисел, во обид да постигнат договор за пакетот за опоравување на ЕУ, што вклучува седумгодишен заеднички буџет и фонд за обнова од последиците од кризата со Ковид-19.