Самит на земјите од Западен Балкан утре во Тирана

Во палатата на бригадите во Тирана утре ќе се одржи Самит на земјите од Западен Балкан.

Со самитот ќе претседава албанскот премиер Еди Рама, а ќе учествуваат евокомесарот за проширување и добрососедство, Оливер Вархеји, претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановќ, како и премиерите на Северна Македонија, Зоран Заев, на Косово, Албин Курти, на Србија, Ана Брнабиќ, на Босна и Херцеговина, Зоран Тегелтија.

На лидерите од Западен Балкан ќе им се придружат и генералниот секретар на Советот за регионална соработка Мајлинда Брегу, директорот на секретаријатот на ЦЕФТА, Емир Ѓикиќ, како и Љуба Силјаноска, заменик директорка на Постојниот секретаријат на Транспортната заедница на ЈИЕ (Албанија, Бугарија, БиХ, Косово, Северна Македонија, Србија и Црна Гора).

Според најавата, на самитот ќе стане збор за текот на евроинтеграцискот просец на регионот а ќе биде анализирана и инфраструктурата која го поврзува Западен Балкан, финансиската подршка и инвестициите од ЕУ.

Предвидена е заедничка прес-конференција на Рама и Вархеји, а по работниот ручек на кој ќе се разговара за заживување на економијата во Западен Балкан по пандемијата, ќе биде потпишана заедничка изјава за продолжување на европската агенда.

-Како што е познато на 22 јуни лидерите на ЕУ мора едногласно да одлучат дали Албанија и Северна Македонија заслужуваат датум за одржување на првата меѓувладина конференција и покрај фактот дека ставот на Бугарија кон нашиот сосед сè уште не е јасен, стои во веста на Ора њуз.

Се додава дека интеграцијата на регионот во ЕУ се смета и за начин да се спречи руското и кинеското влијание во Западен Балкан.

Back to top button
Close