Само 18 отсто од Германците сакаат Мерц повторно да се кандидира за канцелар

– Само 18 отсто од германските гласачи би го поддржале Фридрих Мерц повторно да се кандидира за канцелар, покажуваат резултатите од денеска објавената анкета на  Институтот Форса, на барање на радиодифузерот РТЛ.

Дури 73 отсто од испитаниците, наведува ДПА, не би го подржале лидерот на конзервативните христијански демократи (ЦДУ) за кандидатура за канцелар на изборите во 2029 година.

Анкетата е спроведена на почетокот на овој месец врз репрезентативен примерок од 1.0002 испитаници, меѓу кои дури 41 отсто од поддржувачите на ЦДУ и нејзината баварска сестринска партија ЦСУ, се против неговата теоретска кандидатура, наспроти 47 отсто кои се за, пренесува ДПА.

Мерц утре ќе наполни 70 години и во однос на неговата возраст 52 отсто од испитаниците изјавиле дека би било подобро тој да беше помлад.

Мерц ја презеде функцијата во мај во услови на жестока политичка дебата и внатрешни борби за прашањата како што се миграцијата, фискалната политика и можното повторно воведување на воената служба поради растечките тензии со Русија, потсетува германската агенција.

Back to top button
Close