Само 210 бугарски државјани се пријавиле за гласање во Македонија

За гласање на парламентарните избори во Бугарија, се пријавиле 210 лица од Македонија.
Најмногу пријавени има во Струмица (62), потоа во Охрид (56), па следуваат Прилеп (52), Скопје (29) и Битола (11).
Пријавувањето е можно и директно на избирачките места.
Во 2022 година, пак, за гласање биле пријавени 461 лице, што значи дека интересот сега е речиси преполовен.






