Само 6 Скопјани се јавиле на конкурсот за обука на оџачари

Според информациите на Град Скопје, преку јавните повици за оџачари што градот ги спроведуваше изминатите години досега се обучени 25 оџачари, а на последниот повик пријавени се само шест кандидати за кои обуката е во тек со што вкупниот број би се искачил на 31.

„Град Скопје годинава во соработка со збратимениот Град Нирнберг, финансиски поддржан од Министерството за економска соработка и развој на Сојузна Република Германија во тек е дополнителна обука на шест кандидати за оџачари во СУГС “Здравко Цветковски” во Скопје и пракса во соработка со искусни оџачари од Германија. Во последните две недели од месец ноември се спроведува пракса во Центарот за обука на оџачари во Милбах, Германија по што ќе следи пракса на терен преку споделување искуства од оџачарски претпријатија во Херсбрук, Германија“,велат од Град Скопје.

Во тек е и јавниот повик од градот за користење на субвенции за годишно одржување и чистење на оџаците. Од 22 јуни кога беше објавен повикот досега доставени се над 250 барања. Можноста за аплицирање трае до 30 овој месец, а субвенциите се однесуваат на жителите на Град Скопје односно од оштините Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода, Карпош, Чаир, Шуто Оризари, Центар, Ѓорче Петров, Бутел и Сарај.

Back to top button
Close