Само Албанци ќе сечат шуми во Берово, Делчево, Демир Капија, Кавадарци?

На еден месец пред формирање на Техничката влада, масовно вработување има и во ЈП „Национални шуми“. Како главен критериум за вработување и тука е потенцирана етничката припадност. Интересно е што се бараат кандидати Албанци во средини каде живеат исклучиво Македонци.

На ваквите огласи за вработувања реагираше Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

– На само еден месец пред техничка влада, СДС и ДУИ си ја полнат државната и јавна администрација со партиски послушници. Објавен е оглас за вработување во „Македонски шуми“ – 355 лица и 157 во АД Водостопанство. И двете државни претпријатија се загубари, преживуваат со позајмици а, платата им доцни со месеци. Мислат на овој начин со вдомување на партиски војници ќе го намалат поразот на парламентарните и претседателски избори. Но, се лажат – рече Трипуновски.

Имено, според најновиот оглас на „Национални шуми“, за правична застапеност се бараат 12 сечачи Албанци, во општина Берово во која според последниот попис живее само еден Албанец.

Интересно е што дрвосечачи Албанци се бараат и во други општини каде речиси и да нема албанско население, како Крива Паланка, Демир Капија, Кавадарци…

Овој список е долг, па се наметнува впечатокот дека ситуацијата во Македонија е многу ургентна, па имаме голема потреба од дрвосечачи, надгледувачи…

Неодамна голем револт во јавноста предизвика оглас за вработување на специјалист во Клиниката за гинекологија, за кој се бараше по националност да биде Албанец.

Опозицијата исто така реагира дека во пресрет на изборите напролет има масовни вработувања во ЕСМ, во МВР и во други јавни претпријатија.

Back to top button
Close