Само Америка гласаше против Меѓународниот ден на надежта
САД станаа единствената земја во светот која гласаше против резолуцијата на Обединетите нации за прогласување Меѓународен ден на надежта. Иницијативата ја поддржаа 180 земји, а две беа воздржани. Оваа необична одлука, која предизвика дебата во јавноста, ги истакнува продлабочените поделби меѓу американската надворешна политика под администрацијата на Доналд Трамп и глобалниот мултилатерализам.
Резолуцијата, усвоена од Генералното собрание на ОН како документ A/79/L.54, го прогласи 16 јули за Меѓународен ден на надежта, со цел да се промовира надежта како „вештина што може да се научи“ за справување со очајот и поттикнување солидарност во заедниците ширум светот.
Иницијативата, која се потпира на наука, кажувања и стратегии за поттикнување надеж, доби широка поддршка, вклучително и земји со долготрајни геополитички конфликти како Украина и Русија, Северна и Јужна Кореја и Израел и Либан.
САД, сепак гласаа против, велејќи дека резолуцијата е „мека програма за глобално управување која е неспојлива со американскиот суверенитет“. (Фокус)