Само бод за Барселона во Виго, Реал има шанса да биде сам на врвот во Ла Лига

По овој „кикс“ Барселона е прва на табелата, но на нејзиното конто наместо планираните три, е додаден само еден бод. Каталонците сега имаат 69, пред Реал кој е со 68, но и натпревар помалку.

Мадридскиот клуб утревечер, во рамките на 32. коло, ќе гостува на Еспањол и со евентуална победа ќе биде сам на врвот во Ла Лига со два бода предност пред големиот ривал за трофејот.

На првиот денешен дуел од 32. коло во Шпанското фудбалско првенство, Атлетик Билбао ја совлада Мајорка со 3:1.

Back to top button
Close