Само Македонија и уште 10 земји во светот „продаваат“ пасоши
Македонија е меѓу земјите во светот во кои најчесно се добива државјанство, според нов извештај на „Интернешнал ливинг“ кој ги анализира земјите што нудат најбрзи и наједноставни начини за добивање државјанство во 2026 година.

Постојат разни начини за добивање државјанство, меѓу кои и државјанство по потекло и т.н. „златни визи“, кои честопати се скапи, особено во европските земји како Грција.
Во 2026 година вниманието сè повеќе се насочува кон друга опција: државјанство преку инвестиција.
Иако честопати се нарекува „купување пасош“, овие програми всушност даваат државјанство во замена за одредена инвестиција, по што се издава пасош.
По скандали и дипломатски притисоци, Кипар ја укина својата програма во 2020 година, а Малта ја затвори по правна битка со Европската Унија. ЕУ исто така сигнализира дека може да санкционира земји кои продаваат државјанство што носи безвизен пристап до Шенген зоната.
Затоа денес програмите имаат многу построги проверки.
За многумина вредноста на второто државјанство е во имањето опции, а не во реално преселување. Во свет што станува сè понесигурен, токму опциите се сметаат за вредно средство.
Кои земји нудат државјанство преку инвестиција во 2026 година? Од Европа, се одвојуваат нашата земја и Турција.






