Само седум земји беа ЗА продолжување на санкциите кон Куба, меѓу нив и Македонија

Генералното собрание на ОН повторно ѝ даде силна поддршка на Куба, усвојувајќи резолуција со која се повикува на укинување на американското ембарго што е во сила повеќе од шест децении. За документот гласаа 165 земји, против беа седум, меѓу кои и Македонија, а 12 беа воздржани.

Против гласаа:

САД, Израел, Украина, Унгарија, Македонија, Аргентина, Парагвај

Воздржани беа:

Албанија, Босна и Херцеговина, Коста Рика, Чешка, Еквадор, Естонија, Латвија, Литванија, Мароко, Полска, Романија

Резолуцијата, со ознака A/80/L.6, ја нагласува потребата од „итно запирање на економската, трговската и финансиската изолација на Куба“, воведена од Вашингтон во 1962 година. Иако документот секоја година добива речиси едногласна поддршка, тој има симболично, но не и обврзувачко значење, бидејќи само Конгресот на САД може да ја укине блокадата што е утврдена со федерални закони (Cuban Democracy Act и Helms–Burton Act).

Повеќето членки на ОН сметаат дека санкциите се анахронизам од Студената војна и дека го загрозуваат цивилното население, а не власта во Хавана. Куба оцени дека резултатот од гласањето претставува „јасна и гласна порака“ до Вашингтон дека светот бара крај на блокадата и поддршка за правото на Кубанците на економски и социјален развој.

Back to top button
Close