Самоопределување цели на 500 000 гласови на претстојните избори


Албулена Хаџиу, министерка за правда и висок функционер на Самоопределување, во интервју за „Алсат“ рече дека целта на Самоопределување е да освои 500.000 гласови на изборите на 9 февруари, опишувајќи ги како најважни избори. Таа рече дека со ваква поддршка тие ќе можат да ја формира следната влада без да биде условена од српската листа. Хаџиу рече дека не треба да зависат од овој субјект или од субјекти кои ги нарече застарен клуб.

„Ние си поставивме цел што тие ја нарекуваат ароганција. Ова не е ароганција, ова е цел што си ја поставивме да освоиме 500 илјади срца на косовски граѓани, 500 илјади гласови, за да продолжиме непречено, безусловувања од кој било од политичките субјекти-се однесува на српската листа, затоа никако не треба да зависиме од овој политички субјект, ниту да зависиме од политичките субјекти кои ги нарекуваме застарен клуб на политички партии“, рече Хаџиу.

Запрашана за односите на Косово со Соединетите Американски Држави по изборот на Трамп за претседател, Хаџиу рече дека односите се добри и Америка е важен сојузник.

Имаме моќни сојузници, но секако дека имаме свои позиции кога станува збор за преговорите со Србија. Владата на Курти покажа и докажа дека не прави договори кои се спротивни на Република Косово, не ја турка напред Заединцата, чија цел е да ја босанизира Република Косово, па секако дека ќе ги браниме нашите позиции, ќе ги аргументираме. Ќе работиме да одиме напред, но никогаш не правиме отстапки и договори кои го загрозуваат Косово и интересите на нашите граѓани“, додаде Хаџиу.

Хаџиу рече дека Владата на Курти за време на овој мандат успеала да одбие многу барања на Србија наведувајќи ја забраната за српските избори на Косово, референдумот идруги. . Таа ја обвини опозицијата дека не сака Косово да го прошири суверенитетот на север, поради пазарењата што ги направија на сметка на Косово и граѓаните.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close