Самоувереноста на Заев

Откако Зоран Заев синоќа му соопшти на ДУИ дека е време да оди во опозиција, за очекување е дека ДУИ до недела ќе го промени ставот дека се за избори на 5 јули.

Ако заради ништо друго, тогаш за да го понижат Заев со тоа што ќе му покажат дека, дури и за договор за самиот датум за избори, тие се јазичето на вагата кое одлучува во кавгите помеѓу власта и опозицијата. А и за на сите да им докажат дека се сериозни со инсистирањето идниот премиер да биде Албанец – како одговор на претрпениот шок од предизборната коалиција на СДСМ и БЕСА.

ВМРО-ДПМНЕ и понатаму си молчи. Ова е прв пат СДСМ да им е толку длабоко влезен во „шеснаесетникот“ на „национал-популистичките“ теми („премиер Албанец“!), а таму да нема ни кого да „дриблаат“, бидејќи целата „национална одбрана“ на ВМРО е разбегана, сосе голманот, на некој од резервните терени.

Занимливо, етно-ултиматумот на Али Ахмети не наиде на никакво големо (па ни мало) воодушевување во етно-албанските кругови во земјава. Во најдобар случај, се третира како уште една контроверза на ДУИ, како импровизација за привлекување албански гласови под притисокот од своите политички конкуренти. Прашање е зошто Ахмети се одлучи пред, а не откако ќе се договори датумот за избори, да излезе со таков предлог, но „студениот туш“ што им го приреди самиот Заев истото попладне по соопштувањето на тој проект, им го „скина“ чаламот што требаше да го уживаат барем неколку дена по фрлената етно-политичка „коска за глодање“.

колумната на Сашо Орданоски во целост прочитајте ја тука

Back to top button
Close