Samsung ја дефинира иднината на домувањето со SmartThings

Веќе не е само желба или замисла – туку може да е вашата реалност: се будите наутро и домот веќе знае што ви треба. Светлата нежно се палат, температурата е совршена, а на 21-инчниот екран од вашиот Samsung SBS Family Hub фрижидер го гледате планот за денот со рецепти, календар и состојбата на намирниците внатре. Не е ова сцена од иднината, туку реалност со Samsung SmartThings – интелигентната платформа што ги поврзува сите домашни уреди во еден хармоничен систем, управуван преку вашиот телефон.

SmartThings им овозможува на сите уреди кои ги имате дома – од белата техника до гаџетите – да комуницираат меѓусебно и да се контролираат од единствена апликација, носејќи ново ниво на практичност во секојдневниот живот, трансформирајќи го домот во интелигентен простор кој активно се прилагодува на вашите навики.

 

 

Фрижидер што размислува со вас

Со Samsung Family Hub фрижидерот, храната секогаш е под контрола. Благодарение на вградените камери и AI Vision функцијата, можете преку мобилната апликација SmartThings да ја видите внатрешноста на фрижидерот додека сте во маркет, и точно ќе знаете кои намирници недостасуваат и треба да ги купите.па никогаш нема да купите. SmartThings исто така ве предупредува ако вратата остане отворена или ако треба да се прилагоди температурата. А со AI Energy режимот, потрошувачката на струја се намалува и до 10% – без компромис во перформансите. Со функции на Twin Cooling Plus за совршена влашност и свежина на храната, сеопфатно, метално и забрзано ладење, овој фрижидер не е само уред, туку дигитален асистент кој знае кога и како да помогне, и сето тоа заокружено во еден иновативен блескав дизајн кој уште повеќе ќе ја направи ашата кујна модерна и стилска.

 

Интелигентна машина за перење што учи од вашите навики

Во друг дел од домот, вашата машина за перење со предно полнење A -55% Extra Energy Efficiency тивко го започнува циклусот на перење, точно во моментот кога вие го сакате тоа, благодарение на AI Home и SmartThings.

Машината ги анализира вашите навики, го прилагодува циклусот според ткаенината и ја минимизира потрошувачката со AI Energy Mode – заштедувајќи до 70% енергија, додека со циклусот Less Microfiber го намалува испуштањето на микропластика до 54% . Кога перењето ќе заврши, ќе добиете известување на телефонот – едноставно, тивко и беспрекорно организирано.

Ова не е само паметна машина, туку личен советник за перење што се грижи за секој дел од вашето секојдневие.

 

Чистење со интелигенција – Bespoke AI Jet Ultra

Кога е време за чистење, Bespoke AI Jet Ultra правосмукалката ја презема сцената. Со импресивна моќност до 400 W, таа автоматски ја препознава подлогата и ја прилагодува јачината на вшмукување за максимална ефикасност. Благодарение на поврзаноста со SmartThings, можете да го проверите нивото на батерија, да активирате далечинско празнење или да добиете известување кога е време за одржување – сè од вашиот смартфон. Не само што чистењето станува побрзо и попаметно, туку и безгрижно, со уред што мисли однапред.

 

 

Дом што ве разбира

Сите овие уреди, а други кои ги користите во вашиот дом можат да бидат дел од еден унифициран екосистем – SmartThings.

Платформата овозможува вашиот дом да функционира како жив организам: кога ќе излезете, непотребните уреди се исклучуваат; кога се враќате, температурата, светлината и амбиентот ве пречекуваат подготвени. Сето тоа – управувано од една апликација, со неколку допири на екранот.

Со Samsung SmartThings, иднината на домувањето веќе е тука – паметна, поврзана и создадена да ви го олесни животот.

Паметно купување со одлични попусти

Во тек е одлична промотивна понуда на намалени цени на одбрани модели на фрижидери и машини за перење и сушење алишта. Сега е вистинското време да ја искористите оваа есенска понуда и да го збогатите својот дом со модерни и паметни апарати за домаќинство од Samsung. Понудата трае до 2. ноември, затоа побрзајте. Повеќе информации прочитајте тука.

 

Back to top button
Close