Санционирани 167 возачи во Скопје, 42 за брзо возење

На територија на СВР Скопје вчера се изречени вкупно 167 мерки за сообраќајни прекршоци.

Како што информира денеска Министерството за внатрешни работи казнети се 42 возачи за брзо возење, 17 за возење под дејство на алкохол, 10 возачи за возење без возачка дозвола, а изречени се и 12 мерки против возачи кои поминале на црвено светло.

Back to top button
Close