„Сандеј телеграф“: ЕУ разгледува санкции против САД поради плановите за Гренланд
Европската Унија работи на можни санкции против американски компании поради плановите на американскиот претседател Доналд Трамп за купување на Гренланд, објави весникот „Сандеј телеграф“, повикувајќи се на свои извори.

Според весникот, на технолошки гиганти како „Мета“, „Гугл“, „Мајкрософт“ и „Икс“ би можело да им биде ограничено работењето на европскиот пазар, како и на американски банки и финансиски компании.
Како што наведува „Сандеј телеграф“, поекстремна опција би можела да биде и иселување на американската војска од нејзините бази во Европа, со што би ѝ се одзело клучно упориште за операции на Блискиот Исток и во други региони.
Трамп во март 2025 година изјави дека САД ќе го анектираат Гренланд, автономна територија на Данска. Американскиот претседател во повеќе наврати нагласи дека Гренланд треба да стане дел од САД и се закани со воведување високи трговски царини за Данска доколку не се откаже од островот. Слична понуда за купување на Гренланд.
Данската премиерка Мете Фредериксен ги отфрли американските амбиции, нагласувајќи дека Гренланд е дел од Данска.
Во 1951 година, Вашингтон и Копенхаген, покрај обврските во рамки на НАТО, потпишаа и Договор за одбрана на Гренланд, со кој САД се обврзаа да го бранат островот од евентуална агресија.






