Сане: Сигурен сум дека имам добри шанси да ја освојам ЛШ со Баерн

 Напаѓачот Лерој Сане зборуваше за неговата преселба од Манчестер сити во Баерн и ги оцени шансите на тимот од Минхен во Лигата на шампионите.

– Сакав да сменам нешто во мојата кариера, да пробам нешто ново. Во играта на Баерн, крилните страни се многу важни, тоа ми одговара совршено. За мене е важно. Можев да се преселам тука во 2016 година, но тогаш не ги видов перспективите за себе во клубот. Тогаш беа во одлична форма Арјен Робен и Франк Рибери, а јас сè уште не бев подготвен за ова. Сè уште беше рано да одам во клуб како Баерн.

Играчите на Баерн се гладни за големи победи и се фокусирани на таа цел. Клубот има сериозни задачи, сигурен сум дека имам многу реални шанси да ја освојам Лигата на шампионите со овој тим. Баерн може да победи дури и оваа година, тимот се врати многу силен и стабилен по паузата поради пандемијата, изјави Сане.

Баварците во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Челзи на 8 август влегуваат со 3:0 оставрени на првиот дуел одигран во Лондон.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close