Санкционирани 149 возачи во Скопје, 37 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (20.04.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 149 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 37 санкции, осум мерки за возење без возачка дозвола, 18 санкции за непрописно престројување на возила.

Изречени се четири мерки за нерегистрирани возила, седум санкции за користење мобилен телефон при возење, пет мерки за некористење сигурносен појас, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Back to top button
Close