Санкционирани 154 возачи во Скопје


Во текот на вчерашниот ден (26.11.2022) продолжија контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 154 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 48 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 18 санкции за возење под дејство на алкохол, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Изречени се, како што посочуваат од МВР, четири мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за нерегистрирани возила…

Од МВР информираат дека сообраќајните контроли продолжуваат и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Back to top button
Close