Санкционирани 174 возачи во Скопје, 93 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден (3 септември) продолжиле засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје, како што посочуваат од МВР, изречени се вкупно 174 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 93 санкции, осум мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон, три санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, три мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…Засилените акциски контроли продолжуваат, информираат од МВР и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Back to top button
Close