Санкционирани 190 возачи во Скопје, 24 за возење без возачка дозвола

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје изрече вкупно 190 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 24 санкции, 13 за нерегистрирани возила, седум мерки за технички неисправни возила во јавниот превоз и 17 санкции за користење на мобилен телефон.

Изречени се 11 мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), 54 мерки за непрописно паркирани возила и 51 возило се подигнати со „пајак“ службата.

Од МВР информираат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел поголема безбедноста во сообраќајот.

Back to top button
Close