Санкционирани 216 возачи во Скопје, 67 за брзо возење


При редовните контроли на СВР Скопје во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје се изречени вкупно 216 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 67 санкции, седум мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Од МВР информираат дека се изречени 19 мерки за непрописно престројување на возила, шест санкции за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла).

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се вели во соопштението.

Back to top button
Close