Санкционирани 216 возачи во Скопје, 79 за брзо возење

Полицијата во текот на вчерашниот ден при акциски контроли на територија на град Скопје изрекла вкупно 216 мерки, од кои 79 за возење повеќе од дозволената брзина, девет мерки за возење без возачка дозвола и седум санкции за возач почетник, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Изречени се и шест мерки за користење мобилен телефон, 32 санкции што ги чинат возачи на мотоцикли, шест мерки за нерегистрирани возила, 28 санкции за управување под дејство на алкохол…

Од МВР информираат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот и за посигурни патишта

Back to top button
Close