Санкционирани 254 возачи во Скопје, 53 за брзо возење

Во сообраќајна контрола вчера на територија на град Скопје изречени се вкупно 254 мерки.

Како што соопштуваат утрово од МВР, за возење повеќе од дозволената брзина изречени се 53 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за минување на затворен сигнал – црвено свлетло, 20 мерки за некористење на сигурносен појас…

МВР укажува дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Back to top button
Close