Санкционирани 265 возачи за брзо возење

 

При засилена акциска контрола на територија на државата за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената што се спроведе во текот на вчерашниот ден, санкционирани се 265 возачи.

Од нив, како што соопшти МВР, 14 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа, 123 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 142 надвор од населено место. За време на акциската контрола констатирани и законски санкционирани биле и 88 други видови прекршоци.

– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, наведуваат од МВР

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close