Санкционирани 326 возачи за брзо возење

Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што се санкционирани 326 возачи.

Како што соопшти МВР, 11 возилa се санкционирани бидејќи се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 202 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 124 надвор од населено место.

Од МВР посочуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.

Back to top button
Close