Санкционирани 381 возач во Скопје, 44 за возење без возачка дозвола

На територијата на град Скопје полицијата во текот на вчерашниот ден изрекла вкупно 381 меркa, меѓу кои 44 за возење без возачка дозвола, 30 за технички неисправни и нерегистрирани возила и 26 мерки за користење на мобилен телефон при управување на возило.

Во засилените акциски контроли на Министерството за внатрешни работи изречени се и девет мерки за минување на затворен семафор (црвено светло), 72 мерки за непрописно паркирање , 51 возило се подигнати со „пајак“, како и 71 санкција за неносење на заштитна маска.

Од МВР информираат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел поголема безбедноста во сообраќајот.

Back to top button
Close