Санкционирани 407 возачи во Скопје, 228 за брзо возење


Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден на територија на град Скопје изрече 407 сообраќајни мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 228, за возење без возачка дозвола 29, како и 61 за возење под дејство на алкохол.

Според МВР, изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, 13 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, шест мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, четири санкции за возач почетник…

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведува МВР.

Back to top button
Close