Санкционирани 519 возачи за брзо возење на територија на цела држава


За брзо возење на територија на цела држава во текот на вчерашниот ден санкционирани се вкупно 519 возачи.
– Од нив 30 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а седум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 286 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 233 надвор од населено место, информира Министерството за внатрешни работи.
Од МВР додаваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и апелираат до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Back to top button
Close